Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека ќе се бори да биде претседател на Република Македонија. И покрај промената на уставното име Силјановска вели дека кога претседателот на Собранието ги распишал изборите, ги распишал за претседател на Република Македонија. Во интервју за Сител истакна дека ќе ги почитува Уставот и законите.
Претседателот на Собранието ги распиша изборите за претседател на Република Македонија, јас се уште не сум тоа, но ако бидам, ќе чуете тогаш како ќе се заколнам. Јас се разбира дека ги почитувам Уставот и законите и соодветно на тоа ќе се однесувам. Но, да потсетам сите овие и претседател и премиер и министри се заколнаа пред Уставот на Република Македонија и во ниту една програма не најавија промена на името, но немаат никаков проблем, вели Силјановска.
Comments are closed for this post.