Функцијата на Претседател на републиката не е супститут на Владата. Оваа Влада ќе плати насоро висока цена за својата неспособност, неработење, индолентност, корупциските скандали, непотизмот и сето останато, што мина незабележано поради фалбите од меѓународната заедница за Преспанскиот договор.
Ова го истакнува кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова во интервју за бугарскиот „Дневник“.
Работејќи наводно за приближување до ЕУ, власта не’ оддалечи од Копенхашките критериуми и ја поткопа довербата на граѓаните во институциите. Мојот повик до граѓаните е дека сега треба да одлучат дали имаат доверба на оваа и ваква власт да ѝ ги дадат сите позиции и апсолутната власт во државата, или ќе почнат да ја казнуваат за нејзината неспособност и неодговорност. Ако бидам избрана како претставник на опозицијата, тоа ќе биде почеток на крајот на власта на СДСМ. Во рамки на мојот мандат би се случиле и парламентарни избори, вели таа.
Таа додава дека во меѓувреме се насобрале секојдневни скандали, афери со непотизам и кронизам, градежна мафија го окупира јавниот простор, власта нема одговор за ниту едно суштинско прашање.
Од Преспанскиот договор не може да се живее, тој не се јаде, не носи приходи – ама носи фрустрации. Штета што Заев немаше храброст да распише истовремено и парламентарни и претседателски избори, но сега ќе го развластиме чекор по чекор. Мојата победа ќе биде силна порака и ќе ја врати надежта кај македонските граѓани дека промени се можни“, вели Силјкановска во интервјуто за бугарскиот весник.
Comments are closed for this post.