Професорката Гордана Силјановска Давкова смета дека имаме наследено име и имаме вековна обврска тоа да го пренесеме на идните генерации, додавајќи дека таа лично нема да го употребува новото име Северна Македонија.

Бидејќи државата сега тие ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме барем јас, држете ме за збор, оти ако во времето ги прекрстувале нашите баби и дедовци, презимињата не го употребувале никаде тоа презиме, другите ги именувале така ама тие биле спремни да бидат подведени под тортура, зошто ние не би го можеле тоа за да им покажеме дека може кај сакаат да го ставаат името, може по улиците да го ставаат, да го прецртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, а не за нас. Ние сме наследиле име и имаме обврска вековна да го пренесеме тоа на оние кои што доаѓаат по нас, вели Силјановска Давкова