Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села не сака да се изјасни дали во вториот круг би го поддржале кандидатот на СДСМ или на ВМРО-ДМНЕ. Тој ваквото прашање го нарекува хипотетичко и оти е убеден дека нивниот кандидат Блерим Река ќе помине во втор круг.

Ние не ги сметаме гласачите и граѓаните како наша сопственост и да ги делегираме со далечинско дека треба вака или онака да се однесуваат.Ние гласачите ги сметаме како партнери во градење на правна и правична држава и партнери со кои треба да ја градиме идината, смета Села.