Бидејќи државата сега тие ја нарекуваат Северна Македонија, ние никогаш тоа име нема да го употребиме барем јас, држете ме за збор, оти ако во времето ги прекрстувале нашите баби и дедовци, презимињата не го употребувале никаде тоа презиме, другите ги именувале така ама тие биле спремни да бидат подведени под тортура, зошто ние не би го можеле тоа за да им покажеме дека може кај сакаат да го ставаат името, може по улиците да го ставаат, да го прецртуваат луѓето, меѓутоа тоа зборува за нив, а не за нас, нагласи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

Ние сме наследиле име и имаме обврска вековна да го пренесеме тоа на оние кои што доаѓаат по нас, вели професорката.