Драги мои, не се плашете, туку славете, напиша на својот ФБ профил професорката Гордана Сиљановска Давкова на ден по завршувањето на првиот круг од претседателските избори. Таа им се обрати на сите граѓани и напиша:

Драги мои, не се плашете, туку славете. ВМРО, СДСМ, шарени, бојкотирачи, неопределени, Албанци, Турци, Срби, Роми…сите што сте за владеење на правото и демократска Македонија. Излезете и гласајте на 5 мај! И со пречките го изодевме патот. Нема да запреме.

Нивната Северна е можна само во авторитарна форма, со закани и притисоци. А нашата Македонија е демократска, со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за иднината. Тоа и ќе го сториме на 5 мај!, напиша Силјановска на фејсбук.