Во вториот круг од претседателските избори одат кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова.
„Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред. Десет години оваа држава немаше претседател, да не и го направиме повторно тоа на земјата“, рече Пендаровски.
„Опозицијата успеала навистина не само да им предочи, туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда, може да си раскажуваме прикаски за ЕУ и НАТО. Знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна. И двајцата зборувавме за владеење на правото, борба против корупцијата. И само со таква приказна можеме да зачекориме во ЕУ“, рече Сиљановска.
„Мнозинството граѓани ја препознаа разликата и постапија одговорно и гласаа за Пендаровски и очекувам дека оние кои гласаа за Блерим Река ќе постапат одговорно и ќе го изберат патот кој води напред“, рече Заев.
„Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата сите оние измамнички политики чив предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразвме затоа ни е потребна победа во вториот круг. Ја победивме хотел коалицијата, доаѓа правдата за Македонија за која се обединивме, окрупнивме и која беше нашата водилка“, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.