На вечерашнава прес-конференција заеднички дадоа изјави и одговараа на новинарски прашања претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Иако беа најавени „дека ќе дојдат за 15-тина минути“ од раководствотото на ДУИ никој не дојде во хотелот „Хилтон“ каде е Изборниот штаб на СДСМ и коалицијата „Заедно напред“.

Единствено изјави за новинарите даваше министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

На новинарско прашање до Заев зошто ги нема раководните луѓе на коалицискиот партнер, ДУИ, премиерот рече дека има претставници на сите заедници, иако беше очигледно дека ДУИ реши вечерва да биде отсутна.

Тоа отвора повторно прашања дали и зошто зачкрипело меѓу коалициските партнери од власта. Како аргумент повеќе е што во Арачиново Пендаровски не ги добил очекуваните гласови на ДУИ.