Четири ТВ дуели ќе имаат претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски за време на кампањата за претстојните претседателски избори, која почнува в понеделник.
Ова го изјави вчера генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој го предводи изборниот штаб на Пендаровски, кој заедно со шефот на изборниот штаб на Силјановска, Игор Јанушев, гостуваа во Централниот дневник на 1ТВ.
– Она што засега на некој начин е договорено, ако можам така да кажам, се четири телевизиски дуели и тоа на 2 април на телевизија Телма, на 12 април на Македонската радио телевизија, на 14 април на телевизија Сител и на 17 април на телевизија Алсат, истакна Кирацосвки, кој не ја исклучи можноста да има уште еден ТВ дуел во телевизијата во која гостуваше.
Јанушев рече дека тие се отворени за дуели. -Во исчекување сме, се надеваме дека Пендаровски нема да бега од дуел”, кажа Јанушев.
Comments are closed for this post.