Во НАТО верува дека ќе влеземе, за ЕУ смета дека нема ниту да добиеме покана во Јуни. Новото име,професорката и претседателски кандидат Гордана Сиљановска го смета за правен факт, а СЈО го гледа како дел од јавното обвинителство. Во интервју за МИА уште еднаш договорот од Преспа уште еднаш потенцира дека е за едната страна создава права, а за другата обврски.
Во делот на зачленувањето во НАТО, Сињановскаа потенцира дека тоа е повеќе геостратешка одлука отколку желба за вистинско решавање на прашањето за името.
Да, вратите се отворени, но ќе видиме колку се отворени. За НАТО мислам вратата е навистина отворена, но да бидам искрена причината беше повеќе геостратешка, а не беше вистинско решавање на проблемот меѓу Република Македонија и Република Грција, бидејќи јавноста, двата народа не беа вклучени ниту соодветно информирани за овој процес. Едно е изјава за отвореност, но набргу ќе видиме дека за да влезете внатре вие треба… друго е да стоите пред отворена врата. Во НАТО мислам дека ќе влеземе, а за ЕУ не верувам, не верувам ниту дека во јуни ќе добиеме покана. Во ЕУ се влегува со исполнување на Копенхагеншките критериуми, а тие значат владеење на правото, либерална компетитивна просперитетна економија, независно судство, жестока борба со криминалот и корупцијата, деполитизација и департизација на администрацијата, слободни и независни медиуми, вели Сиљановска.
Таа не се сомнева дека опозицијата во Грција еден ден ќе го прифати Договорот од Преспа, но не и дека кај нас безболно ќе се прифати Северна Македонија и нејзиното поврзување и со минатото.
Во Грција не се сомневам дека еден ден и опозицијата ќе го прифати ова решение, зашто Договорот, кој сака нека кажува и како сака нека објаснува, е асиметричен, едната страна има права, другата страна има обврски. Сепак, многу пати велам, и кога немало држава, имало македонска нација, во 19 век тогаш се формирала и грчката нација, не во петтиот век. Никој нема да го убеди македонскиот народ ниту мене дека можеме двомесечната историја со Република Северна Македонија безболно, успешно, без трауми, со достоинство да ја транспонираме на минатото. Оти, видете, тони книги се напишале за македонската држава, за македонската нација. Сега вие кога ја читате Преамбулата читате илинденците, партизаните, па дури и ние на референдумот во 91 сме гласале за Северна Македонија, тоа не е точно, тоа е што велите вие новинарите фејк њус, истакнува претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ќе потпишува укази за закони,но и ќе делува на свој начин.
Видете, името е правен факт, не само реален, новото име и јас ќе потпишувам. Едно е што ќе потпишувам, тоа е тоа што го усвоиле преку кршење на домашното и меѓународното право, а друго е јас што ќе правам лично, изјави Сиљановска за МИА.
Таа смета дека цензусот за претседателските избори треба да биде укинат иако верува дека на овие избори ќе биде постигнат. Сиљановска би ја потенцирала улогата на претседателот.
Прво претседателот има овластувања во надворешната политика, тоа е поделена надлежност со МНР. Сметам дека кохабитацијата е многу важна, а ако јас победам тоа ќе се случи, кохабитацијата не е болест, туку е здрава можност, здрава вежба на консензус на државнички однос за прашања од национален интерес, но во оваа сфера сум имала и имам големи забелешки за дипломатите, за оние кои се нашиот лик во европското и меѓународното огледало. Мислам дека дипломатите треба да бидат исклучително квалификувани, исклучително одговорни, затоа што претставата за Македонија, првата и најважната, ја даваат тие. Да потсетам кои сè луѓе беа во дипломатијата, не само што не ја претставуваат Македонија таква каква што е, туку ја прикажуваат во уште полошо светло. Логично е да може да се отповика некој што не ја претставува земјата како што треба. Не би сакала да се зајакне улогата на претседателот, но претседателите досега не беа многу активни во дијалогот за стручниот профил на дипломатите. Сигурно би ја потенцирала, затоа што јас постојано потенцирам дека сум за меритократија, најдобрите да се најдат на вистинското место. Јас ќе инсистирам на тоа во оваа сфера, вели таа.
Comments are closed for this post.