Професорката Гордана Силјановска-Давкова има силна порака за денешниот почеток на изборната кампања за претседател на државата.

Ќе испратам порака и да ги прашам граѓаните дали се горди и на кого се горди, да се запрашаат дали навистина ги претставуваат оние кои ги штитат државните и националните интереси или сопствените  и олигархиските интереси и што треба да направиме за да биде Македонија пристојно место за живеење.Дали  е ова една пристојна Република оти Републиката секогаш се темели и го почитува интересите на граѓаните-порачува претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.