ОДГОВОРИ НА ЈАВНАТА ПРОЗИВКА

Силјановска: Да, јас сум надвор од концептот на живот на премиерот Заев

18.02.2019 / 19:04


На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт на живот, напиша на својот ФБ профил професорката Гордана Силјановска Давкова возвраќајки на денешната изјава на премиерот Зоран Заев.

Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во која работа има само за децата на неговите министри и владини функционери.

Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари.

Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара.

Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе, а никој не презема политичка одговорност за трагедијата, напиша проф Силјановска, која во саботата на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга беше избрана за надпартиски претседателски кандидат.

Премиерот Заев  денеска изјави оти смета дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, не е прифатлива како консензуален претседател. Според него, Силјановска е надвор од секој концепт во кој што е огромно мнозинство на граѓаните.

Таа не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што цел свет го поддржува како и огромно мнозинство граѓани. Македонија исчекори со квантен скок напред. Отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации-истакна премиерот.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Интервју со политичкиот аналитичар

Фаризи: Во светот има големи кризи, но премиерот Мицкоски се однесува мудро

пред 1 ден
Македонија

Како Ленче не беше разочарана кога зема 72.000 бонус од СЈО?

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски по повод Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови туку и на одлуки, нашата визија започнува со образование кое ќе биде достапно за секое ромско дете

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Од Чарлиевите, остана уште „ангелот“ Фатиме

пред 2 дена
Македонија

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

пред 3 дена
Македонија

Со оваа технологија пилешкото месо може да стои 20 дена

пред 4 дена
Македонија

Каква врска имаат американски знамиња со протест за правосуден испит?

пред 4 дена
Македонија

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај

пред 5 дена
Македонија

Мицкоски: СДСМ е жестоко вклучена и делува како општинска организација на некоја од партиите кои се борат на изборите кај нашиот источен сосед

пред 6 дена
Македонија

Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

пред 6 дена
gamdomjojobetjojobet girişhacklinkvaycasinoholiganbetcasibommarsbahiscasibom