Доаѓа денот кога на гласачките кутии ќе го чујат народниот глас, а тој ќе биде не за нив, да за нас. Направија рај за корупција и криминал. Неколку семејства ја управуваат Македонија. На тоа ќе ставиме крај на 21 април и на петти мај. Гаранцијата за исправност на изборите ќе биде ако гласате во голем број. Гласајте за оние кои носат промени, не заради мене, јас сум реализирана жена. Ама мислам дека ако се нафатив за овој предизвик, тоа е за Македонија. Ако немаме 40 отсто излезност, тогаш ќе го сменат Уставот, тоа за нив не е тешко. Тогаш ќе направат претседателот да се бира во Собранието. Тогаш претседателот ќе се бира со пазар, погодете тогаш кој ќе биде претседател, рече на вечерашниот централен митинг во Скопје, кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Таа повторно ги повика граѓаните на масовна излезност на изборите.
-Потсетувам основниот услов за чекорење кон ЕУ е владеење на правото. Власта не верува во правото, тие зборуваат само за политика. Нивната политика е надвор од правото. Нивната политика е надвор од Уставот. Нивната политика не води сметка ни за она тронка меѓународно задолжително право иако е тоа темелна вредност на уставниот поредок, потсети Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова истакна дека не се градат добрососедски односи со заборавено достоинство. Со згазено достоинство на еден народ, добрососедски односи постојат меѓу рамноправни држави. Меѓусоседски добри односи постојат меѓу пријатели. А, ние се што побараа од нас направивме. И уште си се уверуваме дека сме биле рамноправни.
-Деновиве дури слушаме дека ќе требало да ангажираат огромен човечки потенцијал и експертски за да може да се подготвиме за првите поглавја 23-24, за правда, за безбедност, за владеење на право и за независно судство. Ама ако велат дека 40.000 вработиле, што прави таа армија на вработени? Па не се ни усогласени премиерот споменува 40.000 административна војска, министерот за финансии вели дека се некаде 28.000, министерот за информатичко општество вели 25.000. Нашето прашање е каде се вработени тие луѓе, што работат, зошто нема ниту еден чекор кон европезаицијата, зошто освен Преспанскиот договор и спогодбата не видовме ниту една реформа. Знаеме зошто, зошто си ги вработија партиските војници. Тие не мора да исполнуваат строги критериуми какви што се бараат за администрацијата, а оние што ги исполнуваат, најшколуваните, најмладите, најумните и бегаат од Македонија, нагласи Сиљановска Давкова.
Comments are closed for this post.