Вес Мичел, помошникот државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, денес информираше дека поднел оставка од функцијата.
Тој беше во Македонија непосредно пред референдумот и побара од граѓаните поддршка. По гласањето напиша писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое бараше независно од исходот на референдумот, партијата во парламентот да го поддржи Договорот од Преспа .
Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи договор кој „е отфрлен на референдумот од убедливо мнозинство од граѓаните, со кој се менува Уставот за да се промени името на државата, и со кој се бара од Македонците да се откажат од сите свои стекнати права“.
Comments are closed for this post.