Членот 7 од Договорот со Грција јасно кажува дека термините Македонски и Македонија се однсуваат на различни историски контекст и културно наследство, нагласи денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на нотата што Димитров ја испрати до Грција каде што нагласува дека во делот на државјанството не се мисли на етничката припадност туку на државјанство.

Договорот со Грција регулира државјанство, етничката припадност како Македонци е право на самоопределување.Тоа право на самоопределување од Грција е признаено  и повеќе нема да биде оспорено-објасни Заев.