Унгарскиот авиопревозник „Малев“ кој во текстот на српскиот весник „Политика“ се споменува дека го пренел поранешниот премиер Никола Груевски од Тирана за Будимпешта не постои од 2012 година.
Компанијата официјално престана со работа на 3 февруари, пред шест години поради банкрот. „Малев“ постоеше 66 години но мораше да биде приземјен пред поради финансиски проблеми.
Со тоа, паѓа во вода тврдењето на „Политика“ дека Груевски со „Малев“ од Албанија заминал за Будимпешта каде бара политички азил. Дали можеби српските медиуми со вакви написи, народски си ја ишкаат мувата од својата капа, односно дали Груевски преку српска територија заминал за Унгарија.
Српската опозиција вчера го праша претседателот Александар Вучиќ каква е улогата на српските тајни служби во бегањето на Груевски и дали тој поминал преку српска територија.Дали им наредил на структури во БИА незаконски да го спроведат до Унгарија, низ српска територија?
Дел од унгарските медиуми објавија дека тој избегал со бугарски пасош, но официјална Софија демантира дека Груевски има бугарски пасош.
Пресинг Тв уште вчера постави прашање до српското министерство за внатрешни работи дали нивни служби регистирале влез или излез на лицето Никола Груевски со пасош или лична карта и на кој граничен премин, но до овој момент не добивме одговор.
Comments are closed for this post.