Од УХМР информираат дека под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено време.

Од утре доцна попладне, како и за време на викендот најавуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава.

Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет а на планините ќе се формира помала снежна покривка.

Минималната температура утре ќе се движи од -5 до 3 степени, во сабота од -6 до 3 степени, во недела од -5 до 1 степен, во понеделник од -3 до 2 степени. Во вторник и среда ќе биде над нулата.

Дневната температура утре ќе се движи од пет до 14 степени, во сабота од пет до 10, недела од четири до девет степени, во понеделник од пет до 11, вторник од седум до 12 степени и во среда од 10 до 16 степени.