Ветото од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ во голема мера е поврзано со спроведувањето на договорот со Грција во делот со отворањето на поглавјата.

Во моментов кога е јасно дека преговори нема, а во скоро време нема ни да има Заев и Димитров се должни да одговорат дали ќе продолжат со спроведување на одредбите на кои не сме обрзани без почеток на преговорите.

(фото: Влада на РМ)

Тоа најмогу се однесува на документите што ги користи јавната администрација, граѓаните, за домашна и надворешна употреба, како и преименувањето на државните интитуции и претпијатија кои станаа „северни“.

Па така Македонски железници стана Железници на Република Северна Македонија. Филхармонијата од „Македонска“  се преименува во „Национална“, но пред името, наместо Република Македонија ќе стои „Република Северна Македонија“. Истото важи и за Македонската опера и балет. Македонската радио-телевизија стана Национална, како и Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“ кое се преименува во „Национална радиодифузија.

Во „Национална“ се смени и Македонска пошта. Заев пред неколку месеци изјави дека следен за преименување е Археолошкиот музеј на Македонија.

Власта предвреме почна да ги менува сите документи кои се исклчиво за внатрешна употреба како што се државјанства, извод на книга од родени, сведиделства и сл.

Но во десеттата точка од Договорот од Преспа oд членот 1 јасно е наведено како треба да тече применувањето.

Се предвидува технички и политички преоден период.

Техничкиот преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба и тој треба да се исполни најдоцна од пет години од стапувањето на сила на договорот.

Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба  и тие се поврзани со отворањето со конретното поглавје во преговорите со ЕУ, но не подоцна од пет години.

За разлика од владата на Заев, Грција досега нема исполнето ниту една точка од договорот, па дури и на таблите се уште стои референцата ФИРОМ или „скопиа“ наместо новото име кое го договорија.