Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни вести за Кочани. Полни со некрофилија и негативности, како и дезинформации кои директно им помагаат на оние кои не сакаат правда. Иако тие ни збор не кажуваат за модуларната болница, а како ѓавол од темјан бегаат за одговорност на Венко Филипче за овој случај. И додека конструираат и лажат нивниот советник и функционер Аки Акиов дели тупаници на кочанчани и се заканува.

ВМРО-ДПМНЕ силно го осудува насилието кое денес го демонстрираше кочанскиот функционер на СДС. Овој советник може да се види во прегратките на Венко Филипче и на заеднички фотографии со него. Бараме СДС и Венко Филипче да се оградат од неговото однесување и истиот да си поднесе оставка од член на Советот на Кочани. Ова е срамно и дрско однесување. СДС е сол на раните на кочанчани и бескруполозно ги злоупотребува нивните судбини.
Вчера бевме сведоци на насилство во Советот на општина Кочани од страна на приврзаници на СДСМ а јавноста очекува одговорност.
СДМ не стои добро ни на државно ниво. На само неколку месеци до локалните избори СДСМ нема кандидати за градоначалници. Никој не се нафаќа да биде декор и спотер во ситуација кога се ближи убедлив пораз.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера предупреди дека е можно СДСМ на изборите дури и да исчезне како партија.

Градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои серозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.