Она што се најавуваше подолго време конечно доби потврда од премиерот, министерот за надворешни работи и од вицепремиерката Шекеринска.
По референдумот Собранието ќе започне со промена на уставните измени а со тоа и на неговата Преамбула. Прашањето е што е тоа што пречи во АСНОМ и што мора да се менува во Уствот каде што се споменува Првото заседание.
„Pressing Tv“ ги прелиста асномските документи за да види што е она што ќе се брише од АСНОМ и од неговите одлуки.
Едно од најважните решенија е дека во „македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“
Она што може да и им боде очи на Грција и на Бугарија е делот кој се однесува на Македонците кои останале во овие земји и дека со борба може да се обедини целиот македонски народ.
„Нека вашето участвие во свеопштата антифашистичка борба им даде живот на принципите проклмирани на првото македонско народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници кои разделија брат од брат, Македонец од Македонец- стои во Манифестот на АСНОМ.
Преамбулата на македонскиот устав еднаш веќе претрпе измена и тоа после конфликотот во 2001 година.Во актуелната преамбула само се споменуваат одлуките на АСНОМ но не се прецизира на што точно се однесува.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред неколку дена објаснуваше дека уставните измени не се веќе напишани и дека тоа е работа на Собранието.Тој ги појасни поентите на четирите уставни амндмани.
Првиот се однесува на географската одредница северна кон името Македонија. Втортиот се однесува да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претенции што е дел од спогодбата. Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите.
Comments are closed for this post.