Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ најавувајќи дека утре ќе откријат нова афера – „Паразити”.

Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шест цифрени приходи.

Кој се богати додека народот страда?

Кои се “паразитите” на општеството? Додека платите на народот ги јаде инфлација, нивните примања се преголеми за воопшто да го почувствуваат ударот.

Следете нè во понеделник на пресконференција ќе објавиме нова афера насловена „Паразити” која ќе даде одговор зошто народот страда, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.