Вчерашната изјава на вицепремиерот Артан Груби дека Заев не смее да си поднесе оставка поради тоа што „само оваа влада може да го реши спорот со Бугарија“ ја открива можеби вистинската причина зошто ДУИ толку инситира на останувањето на премиерот на функција.

Бидеќи Заев од изборите го нема да се појави во јавноста тој мора кога тогаш да објасни неколку работи

Прво, дали има нешто во Софија штом неговиот коалициски партнер толку инсистира на негово останување и оти само тие и никој друг може да го реши спорот со Бугарија.

Второ, дали компрпмисот ќе биде на штета на Македонија и на македонските национални позиции.

Трето, Дали е подготвен сега да ги внесе Бугарите во Уставот и каде ќе најде 80 пратеници за негово отворање.

Четврто, Дали за Заев е прифатливо дека дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонци до 1944 година не постоеле и оти сите Илинденци на чело со Гоце Делчев се Бугари.

На овие прашања, премиерот во заминување кога тогаш ќе мора да даде одговор.