Обемот на работата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) во 2018 година е речиси за половина намален во споредба со 2013 година. Ист, надолен тренд, има и во работата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Поточно, ако во 2015 година тоа обвинителство имало 628 случаи, во 2017 година таа цифра изнесува 408.

Од друга страна, „Јавното обвинителство е тотално девастиран и запоставен државен орган на кривичното гонење, а Јавното обвинителство е еден од најполитизираните државни органи и се држи под силна контрола на извршната власт“.

Ова се двете поенти кои се наведени во интерната анализа на правен тим експерти во ВМРО-ДПМНЕ, до која дојде Пресинг ТВ. Документот е насловен „Анализа за функционирањето на Јавното обвинителство“, и тој е подготвен во во рамки на обемната работа која тимови на опозицијата ја прави во функција на изготвување на законите во обвинителството.

Се намалува бројот на поднесените кривични пријави до Основното јавно обвинителство за органзиран криминал и корупција од 628 во 2015 година, на 408 пријавени лица во 2017, или намалување за 35,3 проценти. Ова се загрижувачки податоци, имајќи ја предвид состојбата на растечкиот криминал, особено во тешкиот организиран криминал и корупцијата“, се наведува во анализата.

Во неа како посебен проблем се посочува обемот на нерешени кривични пријави кој изнесува дури 43,7 проценти во 2017 година. Од друга страна, пак, се нотира пораст на бројот на кривични пријави по кривични дела против службена должност за 59 проценти во однос на 2015 година и бројот на поднесени кривични пријави по сопствена иницијатива на ОЈО.

Експертскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, во кој се вклучени и странци и кои анализирале вкрстено повеќе извештаи и анализи за состојбата во судско-обвинителскиот систем, сметаат дека „намалувањето не се должи на намалената стапка на криминал, туку, напротив, тоа се должи на политизираната селективна правда во пријавувањето на сторители на кривични делка“.

Во 2017 со промена на власта се изврши масовна промена на способни и стручни кадри во МВР од политички причини и во многу други органи на кривичното гонење, а пред се на инспекциските органи на централно и на локлано ниво, на Царинска упшрава, Управата за јавни приходи и други органи“, се вели во анализата.

Како посебно предизивкувачко за власта и за надлежните органи е тврдењето во анализата дека „намалениот обем на поднесени кривични пријави се должи на намлената активност на порганите на откривањето и пријавувањето на кривичлни дела, со основен белег да се пријавуваат раководни и други службени лица од политички, а не од правни причини, од реваншистички политички позиции спрема носителите на власта од претходната влада“.

Гостиварското ЈО на дното по решените пријави

Во анлизата се наведува дека најефикасно Вишо јавно обвинителство со ОЈО било тоа во Штип со 90 проценти решени пријави, додека најнеефикасно во Гостивар со 44 проценти решени пријави. Скопје, пак, иако располага со најодбри просторни улови и има најмногу обвинители, е на претпоследно место по решени пријави.

Како сериозен проблем во анализата е наведен огромниот број на отфрлени кривични пријави, дури 45,5 проценти, и огромниот број нерешени пријави – 43,7 проценти.

Тоа се поразителни резултати. Селективност во пријавувањето и гонењето и недоволен квалитет на пријавите и одлуките кои се темелат на политички, а не на правни причини за донесената одлука. Само 6,7 проценти од пријавите се решени на тој начин што по истите е донесена наредба за спроведување истрага“, се истакнува ва анализата.

 

Само 4 конфискации на имот

„Во 2017 година од страна на ОЈО на подрачјето на Битола и Гостивар не е предложена и не е донесена пресуда со која е изречена мерка конфискација на имот. Од страна на ОЈО на скопското и на штипското подрачје. На нивен предлог се изречени по две казни конфискација на имот. Се вкупно по поднесените ОЈО судовите донеле само 4 казни конфискација на имот. Тоа се запрепастувачки податоци“, стои во истата анализа