Денес во Министерството за правда имало средба меѓу работните групи на власта и на опозицијата за трите закони за Јавното обвинителство, дознава Пресинг ТВ. Меѓутоа, најверојатно заради договор, и двете страни попладнево не ја потврдуваат средбата, ниту, пак, најавуваат изјави или соопштенија.
Пресинг ТВ во текот на денот побара изјави, но и од двете страни немаше никаква реакција. Штама за СЈО!
Неофицијално, до сега за повеќе членови од Предлог-законот за Јавно обвинителство е најден заеднички јазик, но останува до наредната средба на работните групи да се испеглаат разликите околу Специјалното јавно обвинителство.
Власта предводена од министерката за правда Рената Дескоска тврдо стои на ставот СЈО да биде посебно обвинителство, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на своите позиции тоа да биде посебно одделение во рамки на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Опозицијата остана и на ставот дека доказните материјали, односно „бомбите“ да се користат како доказ само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година.
Ова го потврди и премиерот Зоран Заев, но останува да се види дали работните групи тоа и ќе го преточат во законскиот текст.
Comments are closed for this post.