Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави пост во кој вели дека проектот за реконструкција на стационарот „Лајка“ е во завршна фаза.
Два месеци откако Советот на Град Скопје ја усвои одлуката за основање јавно претпријатие за хуман третман на животни скитници, а новото претпријатие ќе го носи името „Лајка“, градскиот татко во неговата објава напиша „наскоро започнуваме“.
На фотографиите кои ги објави Шилегов тој е со куче за кое бара заинтересирани да го вдомат.
Comments are closed for this post.