Град Скопје даде рок од 30 дена до Гинекологија Чаир меѓутоа и до Министерството за здравство да го променат котелот за затоплување на болницата, во спротивно ќе биде затворена.

Скопскиот градоначалник рече дека инспекторите досега два пати реагирале, а денеска испратиле и последна опомена за црниот чад од оџакот на болницата. Порача дека од Градот не сакаат да предизвикаат никаква криза, меѓутоа конечно секој да си одговори на сопствените обврски.

Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопски Чаир се грее на мазут.