Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов потврди дека побарал од неговиот колега, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, да биде урната една од дивите платформи на Матка.

За таа цел го повикал градоначалникот Беџети во неговиот кабинет, но од него побарал да се сруши платформата која што била започната да се гради годинава, а за која градоначалникот на Сарај тврдел дека е постоечка и дека се врши реконструкција.

„Всушност, реакцијата на јавноста, реакцијата на скопјани, беа токму за градењето на таа предметна платформа, а гледам дека се проширува. Поради тоа го повикав Беџети кај мене во кабинет и од него побарав предметната платформа да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби. Ние немаме никакви ингеренции за дивоградбите, каков е статусот на останатите две платформи во езерото Матка ми е непознат. Тогаш како градоначалник на Скопје изреагирава на тоа што сите во тој момент реагираа, реагира Шилегов.

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска обвини дека врз него се вршело притисок за да се урне само една од трите платформи на Матка, со цел да се замачкаат очите на јавноста

На почетокот на февруари годинава, медиумите објавија дека на Матка никна нова платформа. Градоначалникот на Сарај не ја урна оти било поднесено барање за легализација и уште не е завршен предметот.