Екипа составена од четири пожарникари со едно возило меѓу кои и командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, како и две лица кои ќе вршат снимање со термален дрон и термални камери со цел да може да се откријат евентуално преживеани во рушевините, испрати Град Скопје како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.
Покррај тоа, Градот испрати и беспилотно летало кое ќе врши 3Д мапирање на теренот за да им помогне на спасувачките служби кои се на теренот во најпогодениот град Драч.
-Денеска во раните утрински часови контактирав со градоначалникот на збратимениот град Тирана со кој сме дорби пријатели со цел да ја понудам помошта која Град Скопје. Екипите се подготвени да заминат. Очекувам денеска во раните вечерни часови да пристигнат на погоденото место и да се стават на располагање на службите во Драч, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Comments are closed for this post.