Видовме во минатото колку е опасно кога политичари си играат судии и обвинители, вели за Пресинг Тв вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Во контекст на Законот за амнестија за настаните од 27 април минатата година во праламентот, Пресинг Тв ја праша министерката дали кога би била судија или обвинителка би се согласила со амнестирање на Панче Ангелов, лицето кое ја влечеше за коса во Собранието и во судска постапка беше осудено на четири години затвор.

Ангелов е едно од лицата, кое веќе поднесе барање за амнестија. На потег се обвинителството и судот.