Министерката за одбрана образложувајќи го извештајот од ЕК нагласува дека биле дадени две препораки, за нашата земја и за Албанија но оти само за Македонија не постои ниту една област што се смета за наша обврска.

Не постои ниту едно алиби или оправдување да не ги почнеме преговорите.Тоа покажува дека се што зависеше од нас, се што требаше да сработиме како држава го испрачавме. Не заради ЕУ, го испорачавме заради нашите граѓани – објасни министерката.