Министерката за одбрана Радмила Шекеринска преку Фејсбук упати честитка до македонските граѓани по повод државниот празник Илинден.

„Ние сме уникатен мозаик од култури, традиции и вредности, кој ја гарантира нашата европска иднина. Нам заедништвото како наследство ни е оставено во Крушевскиот манифест. Илинден и АСНОМ се за заедништво, не за поделби. Да ја градиме иднината заедно! Честит Илинден!“, напишпа Шекеринска.