Во село Трубарево, Скопско синоќа во нејзиниот дом била пронајдена почината В.Н. (60).

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен ноќеска во 01,25 часот во СВР-Скопје.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје,  а телото на починатата е дадено на обдукција