Мнозинството со обвинувања упатени на сметка на претседателот Ѓорге Иванов по непотпишувањето на неколку закони. „Иванов е против реформскиот процес“, рече пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.
Со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби. Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и Указот на Законот за заштита од дискриминација. Со тоа, Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација“, појасни пратеничката.
Comments are closed for this post.