По Бујар Османи и Артан Груби со истата изјава – Македонија ќе има премиер-Албанец, како што е договорено.

Вицепремиерот Артан Груби во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ изјави дека ќе се реализира договорот меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Македонија ќе добие премиер-Албанец.

Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и во Тирана, и велеше дека е дојдено времето за првиот премиер-Албанец, а ова исто така е и проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со избор на премиер-Албанец. Одлуката на народот беше: Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратенички места, ДУИ 15, а заедно имавме 61 пратеник, рече Груби за косовската телевизија.

Претходно министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека договорото на чело на Владата да застане Албанец ќе се реализира „за неколку месеци“.