Заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами, во интервју за весникот Лајм објави дека, во рок од 24 часа, има вкупно 11.149 лица од дијаспората што се попишале во првиот ден од пописот кој стартуваше на 1 март.
„Вчера беше првиот ден од регистрацијата во дијаспората. Во рок од 24 часа по успешното пријавување и успешната регистрација имало вкупно 11.149 лица, и покрај техничките проблеми со кои првично се соочиле, тие успешно ја завршиле апликацијата“, рече Селами.
Иселеници се попишувале и во САД, Канада, Австралија и други прекуокеански земји. За Селами бројката од првиот ден е солидна.
„Очекуваме овој број да се повторува секој ден и да може секој во дијаспората да се регистрира. За денес не можеме да обезбедиме подетални информации. Затоа, решивме да објавуваме број на регистрирани секој ден во рок од 24 часа “, наведе вчера Селами во интервјуто.
Comments are closed for this post.