Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски е најсериозен кандидат за нов македонски амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Според сознанијата на „360 Степени“, прво именувањето треба да помине во Министерството за надворешни работи, па преку Владата и претседателот на државата, понатаму во собраниската Комисија за надворешни работи.

Опцијата за поранешниот пратеник и градоначалник на Центар е веќе ставена на маса. Нашата земја веќе неколку години нема амбасадор во Обединетите нации.