Правдата во државата може да ја вратат само граѓаните и затоа се неопходни предвремени парламентарни избори, побара лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Тој нагласи дека вчера се видело дека Талат Џафери е добар глумец и оти оваа влада веќе нема капацитет да ја води државата.

„Ова сценарио е направено од страна на ДУИ. Ова е партија од стариот режим и врската со стариот режим. Може и за 27 април имаат нешто да скријат. Се надевам дека еден ден вистината ќе излезе на виделина. Ова се само сигнали дека сакаат нешто да скријат. Ова е сценарио помеѓу поранешните партнери“, обвини Села.

Целата изјава на лидерот на Алијансата на Албанците можете да ја погледнете тука.