Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека реконструкцијата на владата се свела на обична козметика и голтање на зборовите и ветувањето на премиерот Заев со кое сакал да ги мотивира Албанците да гласаат за неговиот кандидат.
Во интервју за Алсат, Села ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.
Не. Имаше шпекулации. Социјалните мрежи ја прават својата работа, кружат шпекулации од типот дека Алијанса ќе влезе во Влада и така натаму. Алијанса за Албанците беше во Влада и излезе. По кој пат сме изјавиле пред јавноста дека ние не влегуваме во Влада без предвремени парламентарни избори и без добивање на легитимитет од Албанците. Ниту сме размислувале за тоа. Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервјуто.
Comments are closed for this post.