За денешното судско рочиште „Шамари во Центар“ во кое требаше да учествува и Миле Јанакиевски, судот издал наредба тој да биде доведен на судење од неговиот дом, каде до пред неколку дена беше во домашен притвор.

Но, според последните случувања и новите приведувања, Јанакиески во моментов е во притвор во Шутка, па така при денешниот обид на полицијата од неговиот дом да го донесе на суд бил несупешен.

На Јанкиевски му беше одреден куќен притвор по инцидентот кога беше нападнат во затворот Шутка, заедно со екс министерот за образование Спиро Ристовски.