Одредени чинители на поранешниот режим кои ги има и во сегашната влада се обидуваат Специјалното обвинителство да не постои, обвини денеска лидерот на Алијансата Зијадин Села, одговарајќи на прашањето кој ги блокира преговорите за Законот за јавно обвинителство.

Мислм дека дел од забелешките од опозицијата можеби и имаат право дека досега СЈО било партизирано. Јас не можам да кажам во кој дел, но самиот факт што имаме процесуирано само еден предмет и се однесува на тогашната албанска опозиција мислам дека други беа очекувањата на народот. Овој народ очекуваше дека како резултат на СЈО тие милионски суми ќе бидат вратени.Уште не гледаме дека е вратен било кој денар, дури и мерцедесот не е продаден за кој има правосилна одлука.Значи тие кои се заинтересирани за да не профункционира правната држава се чинителите на поранешниот режим-објасни Села.