Алијанса за Албанците денеска го одржа првиот состанок на Централното собрание

На предлог на претседателот Арбен Таравари,  досегашниот лидер Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на партијата.

Со апсолутно мнозинство членовите на собранието го избраа Кренар Лога за генерален секретар, а Исен Шабани за организациски секретар.