Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села потврди дека денеска има средба со премиерот Заев и министерката за правда Дескоска. Тој нагласи дека Алијансата се залага СЈO да продолжи со работа како што е формирано.

Според Алијасна за Албанците не треба да се додадат само нови хартии и закони, туку треба да даваме примери и за функционери, бивши и сегашни. Овие тела да не служат како одбранбени тела кои ќе заштитуваат фунцкионерите од било која партија. Да се направат промени во законот за СЈО. Да нема рокови за вршење на должноста и да се формира специјално судство кое ќе се занимава со овие предмети на СЈО. Еден од предлозите би бил, со закон да се санкционира секој бивш или сегашен граѓанин на РМ кој ќе биде именуван од владата во било која фунцкија, да нема право да биде член на Совет на обвинители, Совет на судови. Нема логика да зборуваме за деполитизирање, а од друга страна во Судски совет да инсталираме членови на бивши функционери на политички партии, да бидат членови кои ќе треба да делат правда. Одредени чинители на бившиот режим сакаат да го згаснат СЈО, а тие ги имате во сегашната Влада. Се знае кои се тие, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, рече Села