Вчера околу 22 часот на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново, кај градските гробишта, К.Г. (55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Г. и бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.