Се вратиле на грчка територија: АРМ со истрели спречи влез на мигранти

Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето

10.10.2018 / 10:46


Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.

Од АРМ за МИА информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија- село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

-Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух,  по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.

Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Ахмети е спремен за предвремени избори (ВИДЕО)

пред 15 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Шеикот Ал-Венко ибн Филипчех од Петрич, Бугарија

пред 20 часа
Македонија

Денеска е Ѓурѓовден, за многу години празникот

пред 20 часа
Македонија

Kojзнае дали Филипче ги слушнал изјавите на Захариева и Генчовска дека македонскиот јазик и нација се вештачки?

пред 2 дена
Македонија

Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, тој никако не е загрозен

пред 2 дена
Македонија

Д-р Иво Куновски: Негативните емоции се составен дел од човекот, не сме создадени постојано да бидеме позитивни

пред 2 дена
Македонија

Да му помогнеме на шеикот Венко да слушне дека Бугарија го негира нашиот идентитет

пред 2 дена
Македонија

EУ и државите oд регионот се договараат летово побрзо да ги минуваме границите

пред 3 дена
Македонија

Kaко изгледале последните мигови од животот на македонскиот великан Гоце Делчев

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени сè додека кај нас има структури подготвени да коленичат пред бугарските власти

пред 3 дена
jojobet girişhacklinkJojobet GirişEnbet Girişivermectin tabletPusulabetMadridbetmeritbetCasibom GirişmeritbetjojobetTophillbetmarsbahis girişcasibommarsbahisJojobet GirişJojobet GirişcasibomHoliganbetCasibom Giriş