Се вратиле на грчка територија: АРМ со истрели спречи влез на мигранти

Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето

10.10.2018 / 10:46


Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.

Од АРМ за МИА информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија- село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

-Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух,  по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.

Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Томовски најави тужба: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСM, го објавиле мојот број кој е јавно достапен

пред 10 часа
Македонија

Нема веќе терање кафе шема на „Партизанска“ додека си го гледате автомобилот

пред 12 часа
Македонија

Мицкоски: Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал

пред 20 часа
Македонија

Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

пред 1 ден
Македонија

На жолто не се поминува, ќе има казни со „Сејф сити“

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Новата парадигма Државност 2030 на ВМРО-ДПМНЕ е модел за модерно државно водство

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

пред 2 дена
Македонија

Томовски: СДСМ да се извинат за клеветите и измислицитe, немам никаков удел во посочената компанија

пред 2 дена
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува Конгрес: Ќе биде донесена новата „Стратегија за Македонија 2030“

пред 2 дена
Македонија

Стефановски: ВМРО ДПМНЕ е врежаната ДНК на секој чесен граѓанин на оваа татковина

пред 2 дена