Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека Владата ја прифатила иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и воведување на две нови одликувања во Република Македонија: Орден „Киро Глигоров“ и Орден „Борис Трајковски“. Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.
Иницијативата на претседателот Пендаровски за воведување на одликувања од највисок ред се посветени на поранешниот претседател Киро Глигоров и на покојниот претседател Борис Трајковски, кои со својата работа и активност, во исклучително тешки и чувствителни моменти во нашата држава, оставија неизбришлива трага. Орденот „Киро Глигоров“ и Орденот „Борис Трајковски“ ќе се доделуваат за мир и за мултикултурно општество.
Comments are closed for this post.