Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија свежо цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.