Деновиве е актуелен францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија кој целосно е во корист на Бугарија. Овој предлог целосно е разработен од претседателот на Франција. На македонскиот народ свежи му се сеќавањата од 2018 година пред референдумот кога токму Макрон не убедуваше колку е добро да си го смениме името и дека тоа им овозможува иднина на земјата.

Вие треба да изберете и да се одлучите дали сте за промена на Уставот или не, за Спогодбата да стане важечка.Да станете Македонија, согласно Спогодбата. Јас одлучно сум ЗА и цврсто верувам дека овој договор е добар! За Вас, за целиот регион и за Европа. Сметам на Вас-говореше тогаш Макрон.

Дали доколку барањата на Бугарија дека Македонците биле Бугари, дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот станат дел од преговорите за ЕУ може да се очекува вакво слично обраќање на Макрон?