Дали првиот вицепремиер, како што самиот сака да се нарекува се најде „повреѓен и увреѓен“ од изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека многу политичари во Македонија од сиромашни по неколку години бавење со политика од „голтари“ стануваат милионери.

Груби побрза да се дообјасни дека ДУИ се единствена партија која нема корупциски афери и скандали.

Но, дали тоа е така

Навистина против ДУИ нема корупциски афери и скандали, ноа е поради спрегата на партијата што е постојано на власт со судството и обвинителството. Сите индиции и сомнежи се запираат уште од самиот почеток па не доаѓаат ни до покренување на обвинение а камоли до судење.

Затоа на Груби во недостик на аргуенти како тоа функционери од неговата партија се вистински богаташи и газди го повикува да се обрати на Обвинителството кое е под целосна контрола на ДУИ и СДСМ.

Го повикувам Мицкоски да се обрати до обвинителство ако има докази за корупција. Тоа што Мицкоски го зборува може да земе пример од неговите поранешни партиски членови, кои влегоа „голтари“, а излегоа милионери од политиката, рече Груби.