Нема никаков демант ниту реакација од Владата на вчерашниот текст на „Пресинг ТВ“ дека премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Османи со бугарските власти договараат понижувачки формулации за македонскиот јазик и народ.
„Пресинг ТВ“ вчера објави дека се финализира новиот договор со Бугарија кој треба целосно да ги задоволи апетитите на Софија и со тоа да дозволат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.
Уште полошо за Македонија е делот за македонскиот народ. Ковачевски за да почне преговори е согласен да прифати дека македонскиот народ постои само од 1945 година кога се формирала југословенската федерација со останатите народи. Претходно, според Ковачевски и Петков Македонците биле Бугари.
Сосема е извесно е дека Македонија и Бугарија ќе потпишат нов Договор или Анекс на сегашниот договор. Но, во него најважно ќе биде да се расчисти најспорната точка од првичниот договор што го потпишаа Заев и Борисов а тоа е „заедничката историја“. Дали заедничката историја во бугарски превод ќе биде бугарска? Затоа е потребно двете страни да излезат со официјален став по ова прашање.
Доколку тоа не се случи проблемите ќе останат и ќе влијаат и во преговорите со ЕУ и во работата на историските комисии.
Како што веќе најави и премиерот Петков, Ковачевски со најскоро време самиот ќе побара внесувањето на Бугарите во Уставот да стане европски критериум. Намерата е јасна, со тоа притисокот да се префрли кон опозицијата бидејќи за тоа да се случи потребни се гласовите од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку опозицијата негодува веднаш ќе биде прогласена за кочничар на евроинтеграциите на земјата.
А тоа сценарио веќе сме го гледале при промената на името…..
Comments are closed for this post.